Почитувани читатели, Денеска 14 јануари го чествуваме Св. Василиј или како нашиот православен свет го именува Василица. По Јулијанскиот календар којшто го користиме ние, христијаните во православната вера на Балканот, претставува првиот ден во Новата Јулијанска календарска година. Почитувани, нека ни е честит денот, да го славиме со верба во Бога, во луѓето, да ги […]
Почитувани пријатели, љубители на спортот, посебно на ракометот Со голема радост ја примив информацијата дека нашиот национален тим, во последен момент пред отпочнувањето на Светското првенство во Египет, е поканет да учествува на првенството кое почнува за многу кратко време. Сакам да ја изразам радоста што како веќе афирмирана ракометна нација во светот, повторно ќе […]
Георги, дозволи ми, при последното обраќање, да ти се обратам интимно, без никакви формалности, како што доликува на близок роднина, но и како што доликува на секој велик човек да му се обратиме … Имам потреба да ти се обратам со братчед … Моето обраќање го отпочнувам со гевгелискиот дијалект кој ни е длабоко врежан […]
Во аголот на моето интимно катче во канцеларијата се сместени двајцата најголеми доајени во македонската литература. Таткото на македонскиот литературен јазик – Блаже Конески и човекот, мој скопјанец по потекло, писател, обожавател на поезија, сликар вооружен со сите човечки позитивни особини и боем – Славко Јаневски. Денеска, 11.01.2021 година одбележуваме 101 година од неговото раѓање. […]
Почитувани пријатели, Денеска 9 јануари, ние верниците од православната вера го празнуваме Свети Стефан. Светец кој длабоко се врежал во меморијата на нас христијаните во целиот свет. Првомаченик од седумте свештеници кои служеле во црквата во Ерусалим и кој е убиен бранејќи ги името и делото на Исус Христос. Овој настан се случува на почетокот […]
Почитувани, На сите мои пријатели кои ја слават православната вера им го честитам најголемиот христијански празник ХРИСТОВО РОЖДЕСТВО И ИМ ПОСАКУВАМ МНОГУ ЗДРАВЈЕ, СРЕЌА И УСПЕХ ВО НАТАМОШНИОТ ЖИВОТ. Ја користам ова прилика и на моите пријатели од друга вероисповест да им посакам здравје, успех и среќа во нивните животи. Со почит, Трифун Костовски
Почитувани пријатели Посебно оние кои ја почитуваат и празнуваат православната христијанска вера. Се наоѓаме во предвечерјето на најголемиот христијански празник ХРИСТОВОТО РОЖДЕСТВО. Како почитувач на својата вера ги практикувам сите традиционални вредности врзани за овој голем празник. Бадник! Денот кој во раните утрински часови е исполнет со детска врева и коледари кои одат по домовите […]
Во вакви празнични денови исполнети со љубов и дружба со најблиските, често се потсетуваме и на оние кои за жал не се повеќе со нас. Оваа објава му ја посветувам на мојот близок пријател Шарик Тара кој за жал почина во 2018 година и ден денес многу ми недостасува. Шарик Тара е турски бизнисмен роден […]
Почитувани пријатели, На првиот ден од Новата 2021 година го доживеавме првиот голем потрес со заминувањето од овој свет на маестрото Зоран Џорлев. Тагата по него со неговото заминување ни ги симна насмевките и наместо радост не облеа со чувства на жалост. Неговата виртуозност со звуците од неговата виолина ќе останат трајно запаметени во нашата […]
Почитувани пријатели, Ние старите скопјани, кои го преживеавме земјотресот во 1963 година во Скопје, имаме посебна обврска да реагираме и да даваме несебична помош на сите настрадани од вакви елементарни непогоди. Голготата која ја минуваат денес граѓаните на Хрватска, мене ми е многу добро позната, ама солидарноста, којашто ние Скопјани ја доживеавме во тие мигови […]