Патувања

  • Home
  • Патувања

Патувањата нѐ оставаат без зборови, но нѐ прават одлични раскажувачи!

Сплетот од емоции, искуства, допир со различни култури и луѓе и изучување на непознатото се вистински благодет за секој човек.

Често пати велам развојот на човекот мора да е поткрепен со запознавање на други луѓе од различни делови на светот со различни култури и традиции.

Само така можеме да сублимираме искуства во еден комплетен претприемачки потпис кој ќе нѐ следи низ целата кариера. Во животот сум ги посетил сите континенти на планетата Земја, сум запознал илјадници луѓе и култури и верувајте, секој од нив, секое парче земја ми дало посебно доживување кое ми користело на некој начин во животот. Сите овие искуства се големо богатство за мене додека вистинските пријатели кои сум ги сретнал во животот остануваат вечно во моето паметење.

Од 1995 година воспоставив една убава традиција да практикувам летувања и прослави на Нова Година со моите пријатели од детството но и пријателите кои ги стекнав во текот на мојот живот. Крстарењата со јахти покрај турското крајбрежје, островите во Егејското море, Крит и Кикладите, Јонското море, Анталија и Кемер, но и нашиот Охрид беа само дел од дестинациите каде што сум патувал со група на пријатели од 70 до 120 луѓе!

Многумина ќе се прашаат зошто?

Затоа што, тоа се мои пријатели кои сиот свој живот го поминаа во Македонија едвај врзувајќи крај со крај и лично бев убеден дека заедничките летувања се најдобриот подарок што можам да им го дадам.