Почитувани читатели, можеби ви станувам досаден, повторувајќи го или ставајќи го акцентот на моите колумни врзано со стечајот на Еуростандард банка. Но, верувајте ми, моите мотиви не се само поврзани со мојата лична траума туку одат голем чекор понатаму. Случајот со стечајот на Еуростандард банка, е парадигматичен за целокупната слика за она што се случува […]
Почитувани пријатели и сограѓани. Се надевам дека ги поминавте новогодишните празници во домашна атмосфера и добро расположение, и покрај нужните ограничувања заради пандемијата која веќе цела година е со нас. Но, се разбира, подобро е да истраеме уште некое време разделени од нашите вообичаени социјални динамики, затоа што тоа е единствениот начин да го победиме […]
2020 година поминува, а сите луѓе на планетата Земја, верувам дека посакуваат никогаш повеќе да не се повтори. Низ овој текст ќе се обидам да ги сумирам моите размисли и доживувања за годината што ја испраќаме. Најпрво пандемијата со вирусот Ковид-19 се појави срамежливо кон крајот на 2019 година, и ни се чинеше дека тоа […]
Последните случувања врзани за ветото од нашиот сосед Република Бугарија, за отвoрање на процесот за преговори за наше идно членсто во ЕУ, ми ги наврати спомените за многу трнливиот пат кој ние Македонците сме го врвеле, го врвиме и ќе го врвиме, врзано за нашата македонска самобитност. Развивањето на националната свест во Македонија, развлачувањето од […]
Јасно е дека отсекогаш од исклучително значење ми биле темите кои се поврзани со општествените и политичките динамики, а особено со оние аспекти на нашето секојдневие кои се важни за вистинската демократизација и еманципација на општеството. Токму затоа би сакал да споделам неколку работи што ме вознемируваат, а кои секако, по разни основи, се штетни […]
Деновиве се навршуваат веќе четири месеци од безумниот чин за носење во стечај на Еуростандард банка, направен од Народна Банка, на чело со гувернерката Бежоска. Многу е тешка и чувствителна самата помисла на тој жежок августовски ден, 12 Август 2020, од кога сè уште трагам по причините зошто мораше да се случи тоа. Почитувани читатели, […]
Ќе ми простите што повторно го узурпирам Вашето внимание, меѓутоа сакам искрено и длабоко да споделам нешто што длабоко во мене тлее, а е поврзано со нашата национална посебност. Внимателно ја слушав изјавата на лидерот на опозициската партија во бугарскиот Парламент, во која нè идентификува како еден народ во две држави, мислејќи на Бугари кои […]
Почитувани читатели, Изминатата недела и настаните кои ја одбележаа ја доживувам поразувачки, со поттикнување на многу негативни емоции кај секој поединец во нашава држава. Ковидот катадневно коси со веќе двоцифрени бројки на починати луѓе, и со над илјада новозаразени секојдневно. Министерот за здравство, господинот Филипче, тврди дека пикот на очекуваниот есенски бран е зад нас, но […]
Навистина просторот кој ми е даден за пишување на моите колумни, чувствувам дека ми е претесен за да ги споделам со вас сите мои размисли поврзани со секојдневнието, животот, политиката, иднината. Информацијата дека е пронајдена вакцина против Ковид-19, која тукушто ја преплави целата земјина топка, каде се споменува името на Оксфорд, дали е тоа институт […]
Денеска би сакал да дадам свое мислење и став за комплексните односи меѓу Македонија и Бугарија, по повод нивното вето за отпочнување преговори и влез на Република Македонија во Европската унија. Воедно, би сакал да ги споделам своите гледишта за пандемијата Ковид-19, која длабоко навлезе во нашите животи. Резимирам две лоши нешта кои ни се […]