Збогум маестро

Почитувани пријатели,
На првиот ден од Новата 2021 година го доживеавме првиот голем потрес со заминувањето од овој свет на маестрото Зоран Џорлев. Тагата по него со неговото заминување ни ги симна насмевките и наместо радост не облеа со чувства на жалост. Неговата виртуозност со звуците од неговата виолина ќе останат трајно запаметени во нашата колективна меморија. Беше маестрален професионалец и уметник и на македонска културна и музичка сцена и остави посебен и силен печат на препознатливост. Зоран Џорлев “made in Macedonia.”
Неговите човечки особини; сопруг, родител, син, брат, другар и пријател уште повеќе ја даваат сликата за неговата големина.
Бог да го прости. Нека почива во мир. Со своите дела се запиша во Алејата на Великаните во Македонија.
Вечна му слава.

Share:

Остави коментар