Во вакви празнични денови исполнети со љубов и дружба со најблиските, често се потсетуваме и на оние кои за жал не се повеќе со нас. Оваа објава му ја посветувам на мојот близок пријател Шарик Тара кој за жал почина во 2018 година и ден денес многу ми недостасува.
Шарик Тара е турски бизнисмен роден во Скопје. Во Турција има многу силна фондација чии дејствувања ги надминуваат границите на Турција. Тука во Скопје беа обновени капитални споменици од турската империја во Македонија. Тој и неговото семејство се меѓу првите илјада најбогати луѓе во светот според Форбс. За време на мојот мандат како градоначалник на Скопје 2005-2009 година, на мој предлог, стана почесен граѓанин на Скопје. Тој беше стопанственик од светски ранг.
Пред неговото заминување од овој свет, во приватна посета во неговиот дом во Истанбул со најпрекрасниот поглед на Босфор, ми кажа една тајна, а тоа беше: „Наградата што ја добив да бидам почесен граѓанин на Скопје или како што Турците го викат Искуп, за мене нема цена“.
Чувството дека сум направил добро дело ме направи возвишен.
Ми недостасуваш пријателе. Бидејќи секој пат, при секоја средба, учев од тебе.