ЖОК Кометал Студент

  • Home
  • ЖОК Кометал Студент

Три пати шампиони на Македонија

Женскиот одбојкарски клуб Студент, кој во македонската одбојкарска лига за жени успешно се натпреваруваше од моментот на нашето осамостојување, ми беше додатен предизвик да го развивам овој спорт којшто по мене е еден од најубавите колективни спортови, бидејќи нема физички контакти во неговата игра, а со тоа и повреди.

Ми пристапија со најпроста желба да во моментот им помогнам. Поучен од животното искуство дека поговорката вели „со помош куќа не се гради“, јас одлучив комплетно да ги преземам и да го овозможам нивното натпреварување, растеретени од финансиските проблеми.


Најсилен тим од женската одбојкарска лига беше Работнички, кој имаше долга традиција зад себе. Со раководството на ЖОК Студент и со одбојкарките направивме прекрасна синергија и за прв пат во историјата на овој клуб успеавме три пати да ја освоиме титулата ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА и како шампиони излеговме на меѓународна сцена, каде постигнавме многу високи резултати, а со тоа го подигнавме нивото на женската одбојка во Македонија и респект во европските земји, каде што рамноправно се натпреварувавме.

И денес после повеќе од 20 години, имам прекрасни односи со раководните луѓе на клубот и одбојкарките. На моменти кога ќе се сретнеме си припомнуваме за убавите моменти од тие времиња. Според мене мене овој клуб не смее да оди во заборав. Дали ќе се возобнови, во што сум убеден дека треба, тоа е прашање на општеството и на врвните структури на УКИМ.