Чувај го зборот добро врзан Како необучен коњ Што знае да каса, да клоца, да мава Чувај го ! Зашто aко го пуштиш така разоглавен по чаирите којзнае која луда глава ќе посака да го јава.
Спаси ме Боже, од болните луѓе што се накажани, та не се криви, нивната злоба умерено суди ја, самите од неа одвај се живи. Тие се мислат повикани да водат како Мојсија и другите пророци а самите не можат да се ослободат и влечат по себе ситни пороци. Дај Господе, што помалку очите да им […]
Ти само, што ми идеш на сон, од денот – в предел темно-мрежен, ти една само можеш да кажеш колку сум тих, и дури нежен. Иако сонот ми дал право да сложам сенка на секо чело, искрено кажи: дали сум те навредил, еднаш, со какво дело ? Не ! Силен, сепак сум се клонел На […]
Есенва е мирна, просветлена сета. Човек сака негде далеку да шета. Убавино, ти ме заморуваш веќе. Сè ќе минам кое со возбуда мами. Има такви места каде што сме сами. Убавино, ти ме заморуваш веќе. Смирноста е мудра, страсноста е глупа. Ќе седнам во паркот на некоја клупа. Убавино, ти ме заморуваш веќе. И долго […]
Еве на врвот се искачив. Сам. Тука не ме следи око ничие. И што? Јас во себе пак го шепотам Жалосниот сон на своето величие.