Моментални позиции

  • Home
  • Моментални позиции


Масонеријата во Македонија

 

Во мојот животен пат посебно во бизнисите кои ги работев вон Македонија, сретнав многу пријатели масони кои ме поканија да бидам нивен член имајќи ги своите особености на чесна почитувана личност, сопруг и родител.

 

Најпрво бев член на Големата ложа на бившата Југославија. По распадот на Југославија, се распадна и оваа ложа, така што заедно со моите браќа од Македонија, тргнавме по патот да ја формираме Големата масонска ложа на Македонија.

Овој пат ни најмалку не беше лесен. Ние дваесет и тројца кои сме основачи на Големата ложа на Македонија по распаѓањето на Големата ложа на Југославија, побаравме да бидеме примени во Големата масонска ложа на Англија. Браќата од Големата ложа на Англија беа вистински масони кои ја сфатија тежината со која се соочуваме ние масоните од Балканот. Ни подадоа рака и беа учесници во формирањето на Големата ложа на Македонија во 2005 година. Прв пат во историјата на Големата масонска ложа на Англија се случи да донесат светлина во новоформираната голема ложа на европскиот континент. Осветувањето на големата ложа на Македонија каде присуствуваа највисоките офицери на Големата масонска ложа на Англија придружени со претставници на кралското семејство, беше прекрасно организирано. Сертификатот кој го добивме од Големата ложа на Англија, нашата Голема ложа е именувана под името Голема масонска ложа на Република Македонија. Денес сум член на Големата ложа на Македонија и Големата ложа на Англија. Ја добив титулата Почесен Голем Мајстор од нашата Голема ложа на Македонија за заслугите поврзани со нејзиното формирање.

За пријателите коишто поимот масон може да буди конспиративни мотиви сакам да појаснам дека во превод вистински масон значи вистински човек. Внатре употребувани зборови, симболи и зафати е само показател на трајни човечки доблести. Масон не се станува по желба туку братот кандидат за масон мора да биде избран од масоните на база на долгогодишно следење на неговиот живот и неговото делотворно функционирање во општеството и во сопствениот дом. Тоа е братство по волја, а не е братство по крв.