Така ние влеговме, потпишавме договор со Македонски железници го презедовме Работнички. Таа година го спасивме да не излезе од втора лига. Втората година експресно освоивме прво место. Третата година се вративме во прва лига и освоивме по ред две титули и три купа.
Мислам дека Работнички беше единствен клуб во македонската историја кој на светско ниво од сите фудбалски клубови, стигнал на 112 место по системи коишто ги креира Светската фудбалска федерација. 112 место, имајќи предвид дека денеска во светот има над еден милион клубови. Тоа е голем успех за нас, за Македонија.