Основниот порив за успешно преговарање мора да содржи цел кон која се стремиме или сакаме да ја постигнеме и да се наоружаме со многу знаење и лични умешности како да стигнеме до посакуваната цел.
Во мојот животен пат преговарањата биле дел од мојата секојдневна работа.
Прво како претставник на Технометал Вардар во Варшава, овие мои умешности беа користени при преговарањето за конкретни договори, при реализацијата на овие договори и посебно при решавањето на одредени рекламации во самата реализација на договорите.
Јас оваа умешност ја поседувам во себе, посебно кога ја знам генезата на целиот проблем и секојпат сум практикувал да преговорите ги затворам со задоволство на двете страни.
Во светот на бизнисот каде сум делувал и ден-денес немам непријатели.
Разидувањето во преговорите се нормален дел во трговијата, меѓутоа доколку не успееме да се договориме, тоа не значи дека треба да ги прекинеме натамошните комуникации. Напротив, треба да вложиме нови напори доколку имаме посебен интерес да ја оствариме зацртаната цел.
Севкупната денешна светска заедница на луѓето со посебен интегритет во преговарањето им носи епитет на врвни стручни преговарачи. Ќе споменам четири лика кои оставаат траги зад себе и од чие искуство треба да учиме. Американскиот Министер за надворешни односи Кисинџер, Германскиот Министер за надворешни односи во Владата на Кол, Геншер, Советскиот Министер за надворешни работи Примаков и денешниот Министер за надворешни работи на Руската федерација, Лавров.
Од ваквите личности треба да учиме.