Почитувани читатели,
Денеска 14 јануари го чествуваме Св. Василиј или како нашиот православен свет го именува Василица.
По Јулијанскиот календар којшто го користиме ние, христијаните во православната вера на Балканот, претставува првиот ден во Новата Јулијанска календарска година.
Почитувани, нека ни е честит денот, да го славиме со верба во Бога, во луѓето, да ги славиме и почитуваме доблесните работи кои го чинат човекот да биде похуман, пообразован и да го споделува светот со сите граѓани на планетата Земја.
Да ни е за многу години и им посакувам среќа и успех на тие кои го чествуваат како именден и како слава.