Вечна ти слава Георги Старделов

Георги, дозволи ми, при последното обраќање, да ти се обратам интимно, без никакви формалности, како што доликува на близок роднина, но и како што доликува на секој велик човек да му се обратиме … Имам потреба да ти се обратам со братчед …

Моето обраќање го отпочнувам со гевгелискиот дијалект кој ни е длабоко врежан во твојот и мојот живот. Горд сум со твојата личност, како еден од најзначајните филозофи, кои излегуваат од рамките на локалното, како естетичар, есеист, литературен критичар и антологичар.

Но, пред сè, ти беше човек кој восхитуваше со својата храброст во јавната мисла и говор, со својата темелност и посветеност не само кон естетските туку и кон сите општествени хоризонти.

Ја бранеше нашата Македонска независност и ја унапредуваше со твоето најсилно оружје – перото.

Тешко ми е да се разделам со тебе. Тешка ми беше разделбата со покојните Академици Ксенте Богоев, Томе Серафимовски, Георги Ефремов, Блаже Ристевски, Матеа Матевски и многумина од фелата на нашите трајни вредносни личности, кои оставија белег во нашата интелектуална историја. Твоите дела остануваат за идните генерации, твојот дух ќе остане вечен во колективното сеќавање на целата Македонска нација.

Почивај во мир братчед.

Вечна ти слава Георги …

Share:

Остави коментар