Категорија: Колумни

ВАРДАР ШАМПИОН НА ЕВРОПА – И ДЕН ПОТОА

Оваа година ќе ми биде врежана во меморијата како една од оние во кои ми се случуваат убави нешта. Секако, афинитетите за убавите нешта се различни кај сите од нас, меѓутоа, убеден сум дека голем дел од моите сограѓани ќе се согласат дека само со два викенда, 18 мај и 1 јуни ги доживеавме ѕвездените […]
Повеќе

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ – БИДНИНА ИЛИ НЕБИДНИНА НА НАШАТА ЗЕМЈА

Се чини дека внатре, во државата, нештата не се одвиваат баш најдобро. Се чувствува „застоен воздух“, а се чувствува и застој во развојот и реформите во клучните, витални општествени сегменти. Моето мислење е дека сето тоа се должи на лошо менаџирање со човечките ресурси. Или не се ползуваат и не се вклучуваат вистинските луѓе на […]
Повеќе

ТАМАРА

Би сакал да ги споделам со вас моите најискрени и длабоки чувства на воодушевеност од настапот на нашата Тамара на Евросонгот 2019 во Тел Авив. Како ретко кога во животот, ми се случи да ме обземе голема среќа и гордост што сум Македонец, токму заради тоа што имавме најдостоинствен изведувач, по сите светски критериуми. Тоа […]
Повеќе

ВО ПРВО ЛИЦЕ

 – За градоначалничкиот мандат 2005 – 2009 – Нашата култура, понекогаш имам впечаток, дека почива врз адхоминем, неаргументирани навреди. Отсуството на критика фундирана врз аргументации и факти, е она кое ја урнисува и онака кревката историја на оваа држава и на оние кои се чинители во градењето на нејзиниот современ, демократски и европски идентитет. За […]
Повеќе

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Не можам а да не го изразам моето задоволство и мојата радост во однос на успешно реализираните претседателски избори. И во првиот и во вториот круг, немаше инциденти, немаше неправилности. Сè се oдвиваше во достоинствен и демократски дух. Би рекол, одамна не сме сведочеле на вакво ниво на политичка култура. На господинот Пендаровски му ја […]
Повеќе

ДЕН ПОСЛЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ

Она што е наша одговорност, како граѓани, како луѓе кои се обидуваме да придонесеме во градењето на општеството е да бидеме постојано будни за нештата кои се случуваат во нашата држава на политички, економски, социо-културен план. Првата импресија на денот после првиот круг на претседателските избори е дека на мегдан истрчаа само војниците припадници на […]
Повеќе

ИЗБОРИ

Неколку пати во во предизборието ги споделив своите размисли поврзани со актуелните претседателски избори. Но, сега, и постизборно, после првиот круг, би сакал да го резимирам мојот впечаток. Почитувани читатели, сериозно сум загрижен за иднината на нашата држава, и токму затоа чувствувам должност да укажам на аномалиите во целиот изборен концепт на кандидатите, бидејќи сметам […]
Повеќе

ЗА МАКЕДОНИЈА

Постојат многу кревки и болни теми во нашето општество, кои тешко и споро се залекуваат. Но, се чини, дека една од најдраматичните, најкомплицираните и најзаканувачките појави која го прави нашето општество долгорочно нестабилно, без иднина, обезнадежено и стагнирачко е масовното иселување на младите, но и на средните генерации од својата татковина. Ваквиот безизлезен тренд не […]
Повеќе

ПОМЕЃУ БИЛБОРДОТ И РЕАЛНОСТА

Почитувани читатели, немав намера воопшто да ги коментирам предизборните претседателски кампањи на актуелните кандидати. Но, ова секако е време на маркетиншко обликување на животот, пораките, политиките. Време на билборд насмевки зад кои се крие привидот на реалноста,  лажните ветувања, празната реторика и флоскуларната мисла. Некои нешта кои ги воочив во актуелната претседателска кампања, за мене […]
Повеќе

КАКВА ВОДА НАВИСТИНА ПИЈАТ СКОПЈАНИ

Додека бев градоначалник на Скопје, обезбедувањето на квалитетна и питка вода беше еден од моите приоритети. На 22 март се одбележа светскиот ден на водата. Во таа чест добивме ламентации од челниците на градот дека скопјани пијат совршено чиста и квалитетна вода. Нема сомнение дека изворите на Рашче и бунарите во Нерези, при самото извирање […]
Повеќе