Во недостаток на поконкретни резултати во полето на економијата, во суштинските реформи кои ќе нѐ доближат до ЕУ, ние граѓаните сме изложени на катадневно непотребно товарење и бомбардирање со огромно количество информации кои во суштина се минорни, банални, меѓутоа, имам впечаток дека оваа поплава од небитни информации се ползува за да се купи нов ден […]
Живееме во доба кога една од најголемите закани за човештвото се климатските промени, загадувањето и беспоштедното уништување на природните ресурси. Целиот свет е во алармантна ситуација за неповратното уништување и умирање на планетата Земја. Дури и шеснаесетгодишната Швеѓанка Грета Тумберг, покажува поголема свесност за метастатичната, речиси терминална состојба на воздухот, почвата и природата од поголемиот […]
Денес живееме во необични времиња, кога сме во перманентна војна, која е економска, политичка, но, за жал, и фактичка. Животите на милиони луѓе се ставени по најниска цена на пазарот кој го одредуваат моќните. Се случуваат огромни неправди ширум светот. Токму затоа мојата денешна колумна ја посветувам на ова зло кое го живееме, а кое […]
Приказната за Европа е стара, темелна, богата. Кога говориме за вредностите на Европа, културни, историски, јасно за што говориме. Станува збор за едно обемно културно наследство кое навистина прави пресек на вековната човекова културна и политичка историја, од Атена, од првата демократија, па до денес. Но, кога говориме за Европска унија, за таа административна заедница […]
Минатата недела во организација на професорот Атанас Конески беше промовирана книгата Слова и согледби за Блаже Конески, напишана од професорот и угледен лингвист Димитар Пандев, на која беа присутни директорките од училиштата Блаже Конески од Прилеп и Битола и дел од учениците. Чинот беше величествен. Но никогаш не е доволно да се говори, пишува и велича делото и […]
На почетокот, би сакал да се заблагодарам до сите вас што ми дадовте поттик и понатаму да ги артикулирам своите ставови и мислења, а кои можеби ќе беа задушени токму од оние кои не умееjа да ја искажат својата поддршка, неаргументирано и насилно дискредитирајќи го моето мислење кое веројатно се разликува од нивното. Посебно ме […]
Во нашето општество, во нашата култура, постои еден тренд во нагорна линија, кој е поразувачки и кој покажува до кое дереџе е падната нашата јавна сфера, нашата општествена стварност и нашите образовни комуникациски алатки. Тоа е трендот на врева, на неаргументирана критичка дебата, која се заменува со баналноста на критизерството без аргументи, на дискредитации, навреди, […]
Би сакал да споделам неколку размисли кои верувам дека длабоко го засегаат секој човек кој сериозно размислува за својата татковина. Повеќе од очигледно е дека влеговме во една политичка бесмислена војна помеѓу владата и опозицијата, кое не води никаде, во која отсуствува аргументативен апаратус, кој може да доведе до решенија што ќе ја извадат земјата […]
Секоја заедница може да опстои и да се развива само доколку во неа има изградено силно чувство за взаемност, дарување, поддршка, солидарност, емпатија. Онаа заедница во која отсуствуваат ваквите атрибути, чинам, осудена е на пропаѓање. Токму затоа, сметам дека треба сѐ почесто да говориме за филантропската култура која не го „збогатува“ само оној на кој […]
Почитувани мои читатели, Колку и да сакаме да бегаме од реалноста, посебно во политиката и политичкиот свет, за жал не можеме да останеме имуни и да не бидеме инволвирани во тој политички амбиент. Владата на Република Македонија, до крајот на годинава, очекува да бидеме примени во НАТО, којашто смета дека работата е готова, како и […]
