Почитувани, Многмина мудри луѓе велат дека времето лечи се, меѓутоа, со упокојувањето на Еуростандард банка, за која што викендов направивме помен од 40 дена од нејзиното носење во стечај, за мене одминатото време можам да кажам дека уште повеќе ме поттикнува да истраам во борбата за вистината. Најпрво ќе кажам, а тоа е мое мислење, […]
Дозволете ми повторно да проговорам за нешто кое навистина кај мене освен што предизвикува болка воедно предизвикува и разочараност и гнев, заради чувството на нанесена неправда. Станува збор, како што претпоставувате за стечајот и ликвидацијата на Еуростандард банка, а заедно со неа и повредата на над 36,000 оштетени правни и физички лица, што дирекно ќе […]
Навистина мислам дека го узурпирав просторот кој ми е доделен да пишувам колумни, меѓутоа верувале или не, сеуште неможам да се освестам од непромислениот чин на Гувернерката Ангеловска- Бежоска, за носењето на Еуростандард банка во стечај. Многу мои пријатели ме советуваа да не ги споделувам моите најдлабоки мисли, размисли и чувства, меѓутоа јас сум зрел […]
Почитувани читатели… Дозволете ми најпрво да ви упатам извинување што во изминатите неколку колумни си дозволувам да го користам просторот за споделување на моето лично искуство како стопанственик и како човек кој учествувал во банкарскиот систем на земјава. Можеби чувствувате дека мојата шокираност од она што се случи со Еуростандард банка е своевидно „малтретирање“ на […]
Во денешните мои размисли посебно ќе се осврнам околу формирањето на Парламентот, односно Собранието на Република Македонија како и формирањето на новата Влада, после вонредните избори одржани на 15 јули 2020 година. На сите ни е познато дека Влада ќе формираат Социјал демократскиот сојуз и нивните коалициони партнери, партијата ДУИ. Парадоксално, како што и најчесто […]
Денес би сакал да бидам краток во исказот, бидејќи нема потреба од многу зборови. Некогаш случувањата говорот самите за себе повеќе од зборовите. А некогаш и тишината е помќна од зборот. Сепак би сакал да споделам едно чувство – разумот во оваа земја одамна е погребан. Тоа не ја исклучува и Народната банка на Република […]
Пандемијата на COVID 19, го измести коренито светот, на здравствено, но и на социјално, културно, економско и политичко рамниште. Се отвораат прашања кои биле поттурнувани под тепих, кои се чинеле неприоритетни. Се отвори пандорината кутија за многу нешта кои го измачуваат човештвото, но и самите општествени и политички системи. Особено, би рекол кај нас се […]
Искрено, имам чувство дека ви досадувам доколку и денес колумнава би им ја посветил на актуелните горечки политички теми и на панедмијата Ковид 19. Зошто, затоа што повеќе од јасно е дека политичката борба се одвива зад очите на јавноста (типично за нашата политичка (не)култура), а политичките партии не преговараат во името на гласачите кои […]
Жешките летни денови минуваат многу брзо, справувањето со пандемијата Ковид-19 ни оди многу тешко, а на политичкиот пазар имаме вистинска тарапаана. По мене значењето на зборот тарапаана е многу близок до зборот панаѓур, а тоа значи не саем, бидејќи саемот претпоставува нешто што има ред и поредок, нешто што е ревија на вредности, а панаѓарут […]
Би сакал со денешната колумна да дадам можен човечки придонес кон размислувањата за справувањето со пандемијата на новиот вирус, Ковид-19 и мојата проценка за политичката ситуација по парламентарните избори по 15 јули. Тоа се двете најгорливи теми во нашава држава. На сите ни е јасно дека пандемијата Ковид-19 не само што не стивнува, туку напротив […]
