ОПОМЕНА И СРАМ

Почитувани пријатели,
Вчера одекна веста за најновиот извештај на УНЕСКО на кој се испишани 200 страници забелешки во однос на заштитата на охридскиот регион од аспект на уништување на СВЕТСКОТО културно наследство од страна на нас, граѓаните на Македонија.
Многупати во нашата историја наоѓаме вина во другите околу нас, па и подалеку за состојбите кои секојдневно ни се случуваат. Не говорам за убави состојби, говорам за многу лоши состојби. Време е да се соочиме со вистината и да си ја кажеме во очи дека сами сме виновни што заштитениот Охрид и Охридскиот регион, заштитени од Унеско како светско културно наследство, ние ги уништуваме.
Почитувани пријатели, апелот до сите нас граѓаните е ситна работа, треба да засукаме ракави и посветено да работиме на нормите поставени од страна на УНЕСКО за сочувување на овој од бога подарен природен дар.
Не само Охрид и Охридскиот регион, треба да работиме и на кањонот Матка, со цел и кањонот Матка да најде место во регистарот на светските културни наследства. Како тоа да се направи? Со мудрост, посветеност и дисциплина.
Share:

Остави коментар