Нежност од Блаже Конески

Ти само, што ми идеш на сон,

од денот – в предел темно-мрежен,

ти една само можеш да кажеш

колку сум тих, и дури нежен.

Иако сонот ми дал право

да сложам сенка на секо чело,

искрено кажи: дали сум те

навредил, еднаш, со какво дело ?

Не ! Силен, сепак сум се клонел

На власта своја да се решам,-

да не би да ме намразиш тајно,

да не ми идеш, ако ти згрешам.

Share:

Остави коментар