По повод првите 100 дена од формирањето на новата Влада, мојот личен став е дека Владата ниту од далеку не ги задоволи очекувањата на граѓаните на Република Македонија. Нешто што не можам да и простам на актуелната Влада е фактот што ги зголемија тензиите меѓу нас Македонците и Бугарите во Бугарија, до степен на неподносливост. Ќе треба многу време овие односи да ги нормализираме. Единствено нешто што ги врзува Владата на Бугарија и Владата на Македонија е фактот што и во двете Влади немаат вистински луѓе кои можат да ја препознаат иднината на двете земји во регионот.
Сега се навраќам на нашата македонска Влада.
Нема преговори со ЕУ! Тоа е факт! Чуму потребата од додатни дискредитирања на нашите национални чувства?
Добивањето на македонски пасош со најмали услови е преседан кој не смееме да го дозволиме. Тоа покажува дека водечките структури на власт не се почитуваат себеси и својот народ.
Додатен елемент за нивната површност е фактот што во време-невреме, влегува во образовниот систем ништејќи ги двата предмета историја и географија како одделни и ги спојува во еден предмет.
Луѓе, дали сфаќате, не е моментот за вакви трансформации во образованието. Па денес Бугарија не ни дозволи да ги отпочнеме преговорите со ЕУ, токму поради нивното толкување на историјата.
Дали Владата бара да имаме колективно замрачување на умот? Не … тоа не смее да помине! Барем не сега во моменти кога сите ние Македонци сме на штрек за својот опстанок. Во моментов историјата ни е многу, многу потребна.
Завршувам со констатација. Тешко на овој народ со ваква Влада.
Дали имаме подобра алтернатива?
Не знам, ама вака не оди.