Многу луѓе ме сметаат за богат човек и во право се, јас токму така се доживувам. За жал многу малку луѓе низ животот успеваат да се почувствуваат богати, а јас сум среќен што животот ме „научи да сум богат“.
Тоа што сум пораснат со вистински вредности ми помогна секогаш да можам да правам разлика помеѓу вистинското и лажното богатство. Она лажното, се изразува во пари, бројки, сметки … и причинува моментално задоволство кое бледее секој ден се повеќе.
Како Македонец, во животот се фокусирав на она вистинското, трајното, исконското. Она коешто секој патриот треба да го создава доколку му се пружи шанса. Моето богатство е наше, моето богатство е нераскинлив дел од нашата богата историја и сметам дека дојде време да го споделам со јавноста!
Загледување во минатото
Крстови од Македонија