Почитувани пријатели,
за мене 24 Декември е за потсетување за едно брутално кршење на демократскиот живот на една заедница, кое не смее да ни се повтори. Тогаш, пред осум години, во 2012 година посебно беше погодена новинарската фела, која го има најсилниот адут в раце, а тоа е да не информира нас граѓаните за сите политички збиднувања во нашето секојдневие.
Цивилизацискиот развој на сите општества на земјината топка многу длабоко е поврзана со политичките структури и политики кои се водат во државите во светот. Се докажа дека плурализмот во моментов е најдобар систем кој овозможува најбрз економски и општествен просперитет на целата земјина топка.
Плурализмот и демократијата во плурализмот, покрај тоа што се учи од книги треба и да се практикува во реалниот живот.
Ние граѓаните на Република Македонија уште многу треба да учиме што е тоа вистински плурализам и демократија. Ќе споменам само две работи. Евидентно е дека денес најсилните економски земји имаат во себе инкорпорирано долга традиција во функционирањето на плуралниот систем кој секојдневно се доусовршува, што значи дека тоа е процес. За жал кај нас во Македонија, плурализмот е сфатен само на хартија, додека внатрешната структура на секоја политичка партија во Македонија и нивните статути се далеку поригорозни од статутот на бившата ни КПЈ. И во едноумието постоеше повеќе дијалог внатре во партијата, околу правците како таа ќе се развива и во кои делови таа ќе биде експонирана. За жал во денешната Македонска реалност во која постојат над десетици партии и исто толку лидери кои се неприкосновени султани во сопствените партии се однесуваат како недопирливи. По мене така не ојт.