ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Чувствувам дека е вистински миг да се разменат мислења, гледишта во однос на древните цивилизациии и она што го живееме денес како цивилизација и цивилизациска придобивка. Важно е постојано да ги согледуваме придовките, импликациите и критички да рефлектираме врз она што е цивилизациско наследство. Само така може да говориме за евентуален понатамошен развој и прогрес на човештвото.
На ваквите размисли ме поттикна неодамнешниот спортски натпревар во рамки на квалификациите за Европското фудбалско првенство, помеѓу Шведска и Романија, кој се одигра во Шведска. Резултатот и натпреварот воопшто не ми се во фокусот. Моето внимание беше привлечено од „реквизитите“ на домашната публика. Тоа беа детали со кои се реферираше на нивното викингшко наследство кое датира од 8 или 9 век, а е доминантно присутно до 13 век од новата ера.
Со овој текст не би сакал никого да повредам, а најмалку граѓаните на скандинавските земји, кои денес се синоним за еманципирано демократско и современо општество.
Што претставувале воопшто викнзите во целокупниот цивилизациски развиток на човештвото? Во раниот 9 век веќе цела Европа беше завладеана од христијанството, додека нордијците сѐ уште имаа политеизам и свои божества, а христијанството тешко се пробиваше.
Од другастрана, најголемите цивилизациски колевки како азиската, асиро-вавилонската, персиската биле предмет на напади од таканаречените „нецивилизиарни“ племиња, водени од желбата за посегнување по туѓото и негово присвојување.
Денеска, парадокслално, како да сведочиме на ретроградни процеси – цивилизациските придобивки, научените лоши страни на човековата навика за разделување наместо за здружување, би требало да нѐ научи да ги бараме и да инсистираме на заедничките точки, на она наследство кое нѐ поврзува како дел од една голема цивилизациска структура. Но, за жал сведочиме на спротивното. Јас сум македонец, меѓутоа моите соседи Грци имаат проблем да го споделиме културното наследство со македонците кои живееле на овие простори во дамнина. Меѓутоа непобитен е фактот дека културата на овие простори, токму во дамнина, во балканскиот регион, била понапредна од нордиските култури иако денес покажува назадност токму во корелација со скандинавските земји. Се чини дека историјата и цивилизацијата се исполнети со парадокси.
Нордијците ги воспеваат викинзите, иако самите знаат дека нивниот придонес во развојот на целокупната цивилизација е назаден и минорен. Од книшките записи и од документаристиката дознаваме дека тоа биле бандитски формации кои пљачкосувале низ островот на Велика Британија, биле насилни, заробувале и запленувале добра и луѓе. Би ја нагласил книгата на Генрик Сенкевич, Потоп, напишана во 14 век, за наездата на швеѓаните во Полска. Колежот и грабежот се основните карактеристики на викнгшките формации во тој период. Затоа, индиректно се почувствував навреден кога објективно најразвиениот дел од светот на економско и општествено рамниште, велича минато кое е исполнето со насилство и крв. Тој регион, нордискиот, никогаш не бил освојувачка цел на ниту еден голем освојувач кој историјата го памети. А тоа самото за себе говори дека големите освојуваче не наоѓале ништо вредно во тие култури, во тоа време.
Но, поуката е во следното – скандинавците успеала многу умно, аналитично и стратешки издржано да го развијат она малку значајно што им го оставиле во наследство викизите, а тоа е пред сѐ безмерното чувство за важноста на заедницата. Без ставање на заедницата на прво место тие не би можеле да преживеат во тие климатски услови.
Сето ова го говорам само во еден контекст – да ја разбудам совеста на секој Европјанин, а особено на Балканците, за тоа дека во нашата историја постојат вредности за кои не сме ни свесни дека ги поседуваме. Особено ние, на Балканот, не умееме ни да ги артикулираме, да ги констатираме а камо ли да ги развивавме во нови современи вредности.
Сакам да финализирам – Балканот е древна цивилизација. Денес сведочиме на суровиот факт дека речиси сите групи и држави меѓусебно се своевидни непријатели. Иако доколку погледнеме што е тоа што нѐ раздвојува, а што е тоа што нѐ поврзува ќе видиме дека скоро 95% имаме зеднички нешта што нѐ поврзуваат сите нас кои живееме на овој полуостров.
Денес скандинавските земји, за разлика од балканските, живеат во взаемна хармонија иако се автономни држави. Солидарноста е толку силна меѓу нив што предизвикува восхит кај секој современ човек. И токму тоа е мотивот за мојот текст – фактот за тоа колку брзо еволуирал човекот кој живеел само пред 1000 години племенски и диво, без цивилизациските вредности карактеристични во другите делови за европскиот континент, за денес да претставуваат императив за успешност во секој поглед. А ние, кои сме во колевката на европската цивилизација, особено од античкиот перидо да живееме назадно, во страв, недоверба и безперспективност. Оваа споредба особено ми паѓа во очи бидејќи Балканот во едно идно европско семејство може навистина многу да даде од она што го поседува како култура и цивилизациско наследство, доколку го согледа начинот како политички тоа да го изведе во „својот двор“ а потоа и во дворот на поширокиот европски контекст.
Ова е своевиден апел до сите одговорни политичари на Балканот да прекинат со идеите за „големи држави“ каде што ќе доминира еден. Тоа е ретрограден концепт. Ургентно мора да почнеме да размислуваме за политички процеси на осојузување во чија основа е идејата дека овој простор ни припаѓа на сите. А пред сѐ, мраме да ги изградиме меѓусебните односи ако не на ист туку барем на сличен начин како и скандинавските земји.
Многумина ќе речат дека ова е утопија, но јас верувам дека еден ден и тоа ќе се случи. Прашањето е во тоа уште колку време треба да помине за да ја разбереме потребата од здружување и создавање заедници кои ќе ги пронајдат заедничките вредносни перспективи одново. Ова е важно не само за нас туку пред сѐ за идните поколенија.
Длабоко извинување доколу некој граѓанин од скандинваските земји се наоѓа засегнат за моето гледиште за местото и улогата на викинзите. Напротив, сакам да укажам како треба да размислуваме и учиме за стратешките поврзувања и развојот на добрите страни на секое културно наследство.

Share:

Остави коментар